Don't Miss
Home / Економија / “Ќе ве победиме со љубов- мотото на празнувањата“ на “Кромберг и Шуберт“

“Ќе ве победиме со љубов- мотото на празнувањата“ на “Кромберг и Шуберт“

Вработените во “Кромберг и Шуберт“, со спектакуларна забава, во стилот на холивудските оскари, ја испратија старата и ја пречекаа новата 2015 година.  Над 2.000 вработени присуствуваа на спектакулерната забава насловена “Крошу на оскарите“, што се одржа во новиот ресторан “Гранд премиер“.

Инаку, “Кромберг и Шуберт“ Македонија ДООЕЛ Битола, е еден од најголемите работодавачи во Македонија, кој моментно вработува повеќе од 2.000 луѓе, при што секое вработување, унапредување и отпуштање е засновано единствено врз основа на залагањето на вработените и претставува објективна евалвација на нивното работење, базирана на објективни критериуми.

 kromberg 11  ???????????????????????????????

Друштвото прави секојдневни напори за создавање пријатна работна атмосфера и професионално опкружување. Во таа насока се и организираните бројни активности од страна и на сметка на “Кромберг и Шуберт“, меѓу кои:

-До денес интерно се промовирани 293 вработени во Друштвото, редовно се донесува и остварува годишен план за обуки и развој на вработените, воспоставување на програмата “Талент менаџмент“ – идентификација на клучни позиции и план за наследување, месечен избор на “Крошу ѕвезда“ (најдобар работник на месецот од секој оддел), доделување награди од типот на: уметнички слики, апарати за домаќинство, вечери, парични ваучери, викенди, патувања, итн. доделување донации во средните училишта, градинките, Домот за доенчиња, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“.

-Постигнат е договор за соработка со Универзитетот “Св. Климент Охридски“  со кој од први јануари 2015 година ќе бидат вклучени во фабриката првите практиканти, заедничко одбележување на 8 Март (секоја година), посета на децата на вработените во фабриката пред секој почеток на новата учебна година, при што компанијата подарува школски прибор и оброк за секое дете во кантината,

DSC_9755 [1600x1200]

организирањето на “Крошу лига“, во која учествуваат фудбалски екипи од секој оддел, за што компанијата ја изнајми спортската сала во Битола за одредени термини преку целата година, доделување награди за првите 4 места од типот: дрес, вечера, спортска масажа, парични ваучери, “Крошу ден“ , прослава во чест на 8 Септември и 2000-тиот вработен, организирање забава во летната дискотека “Позитив“ со жива музика со групата “Боеми“, игри, награди, еден тон пиво и неограничена скара за сите, поделба на 1.000 пакетчиња за децата на вработените во Домот на културата во Битола.

.

DSC_0016 [1600x1200]

Мотото на фабриката “Кромберг и Шуберт“ е ќе ве победиме со љубов

 

Во “Кромберг и Шуберт“ пред новогодишните празници беше исплатен К-15 за вкупно 1.509 вработени, од кои на 84 одјавени и 1.425 вработени кои ги исполнуваат законските услови. За исплата на К -15 исплатени се вкупно 14.484,400 денари или 235.551 евра.
Во ресторанот “Гранд премиер“ беше органзирана новогодишна забава за сите вработени со богата забавна програма.
Напоменуваме дека платата се исплаќа редовно, најдоцна до 7-миот ден во месецот, сите вработени, покрај платата по договор, добиваат и бонуси за успешност и редовност дополнителни, во висина од 20 до 30 отсто од платата.

Во просек од фабриката “Кромберг и Шуберт“ во Битола влегуваат месечно над 40.000.000 денари само од плати, друштвото за сите вработени организира платен превоз, платен оброк за секој вработен, во сите 3 смени, организирана е амбуланта која го следи распоредот на вработените и нуди можност за бесплатни анализи и здравствени прегледи, се организираат разни хуманитарни акции, кога некој вработен има потреба од финансиска помош за лекување, се исплаќа отпремнина која следува по закон, во случај на смрт на член од семејство, постојат можности за обуки во странство во останатите фабрики на “Кромберг и Шуберт“ платени од страна на Друштвото; работниците работат во климатизирани производствени погони, итн.

Canteen_47a  IMG_2671

“Кромберг и Шуберт“ претставува едно големо семејство кое се грижи за сите свои членови.

Од Друштвото истакнуваат дека успешна приказна се гради со колеги кои ја гледаат и разбираат големата слика и со оние на коишто ова приказна навистина им значи.

Мотото на фабриката “Кромберг и Шуберт“ е ќе ве победиме со љубов.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*