Don't Miss
Home / Uncategorized / Панихида за Павел Шатев

Панихида за Павел Шатев

Денеска на Светонеделските гробишта во Битола во организација на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ се одржа панихида за најпознатиот гемиџија и првиот министер за правда во Асномска Македонија, Павел Шатев.

satev 4

Павел Шатев,чиј гроб се наоѓа во Светонеделските гробишта во Битола беше човекот кој ставајќи пеколна машина на парабродот “Гвадалкивир” во Солунското пристаниште во 1903 година и палејќи го слободарскиот факел кај Македонците го сврте вниманието на светот за положбата на Македонците.

satev 5

Со решеноста за саможртва во името на возвишените идеали Павел Шатев и останатите гемиџии себеси се поставија на почесното место во македонскиот пантенон на патриоти борци за слобода.

Во 1949 година Павел Шатев бил уапсен како потенцијален државен непријател .Подоцна тој бил малтретиран и измачуван.

Во 1951 година умира во Битола.

На комеморацијата за ликот и делото на Павел Шатев пред поголем број членови на Унијата на млади сили и симпатизери зборуваше историчарот Горги Чекутков.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*