Мирно заврши протестот на граѓаните на улицата “Бихаќка“ откако тие беа спречени од полициски кордон да пристапат до седиштето на СДСМ.
Тие се собраа по повикот насловен „Да го искажеме револтот против предавниците“ , кој беше упатен на социјалните мрежи.
Според повикот, треба да се стави крај на предавниците, односно дека не смее да им се прости на тие кои соработуваат со странските служби.
Претходно високи функционери од СДСМ повикаа луѓето да не наседнуваат на повикот.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е осомничен за подготовка на пуч и шпионажа по што симпатизерите на власта се собраа да го искажат својот револт најпрвин во паркот „Жена борец“ од каде се упатија кон “Бихаќка“.
Извор: Радио Слободна Европа