На шестото собрание на Либерално-демократската партија Горан Милевски од Битола е избран за нов претседател на партијата. Досегашен претседател беше Андреј Жерновски.
За генерален секретар на ЛДП е реизбран Дуфе Кукоски.
Собранието на ЛДП го усвои и новиот партиски статут и две резолуции: Резолуција за поддршка на микро и мали бизниси „Да овозможиме микро и малите бизниси да дишат“ и Резолуција за доследна одбрана на загрозените права и слободи на граѓаните на Република Македонија.