Со ангажирање на вработените во ФОД, кој работи во составот на РЕК “Битола“ попладнево е поставен монтажен мост на патот Новаци – Битола.
Мостот ќе овозможи движење на пешаците од двете страни, на овој регионален пат.
Во РЕК “Битола“ во моментот се бара начин за тоа како вработените на Комбинатот ќе доаѓаат на работа.
Иако, според сообраќајната полиција сообраќајот за Новаци и Рек “Битола“ ќе биде пренасочен преку Тополчани и селото Ношпал, во РЕК “Битола“ се размислува работниците да се носат со автобуси од Битола до монтажниот мост, а оттаму да се пренесуваат со други автобуси до работните места.
Но дали до тоа ќе дојде многу ќе зависи од тоа какви ќе бидат временските услови.
Б.В.