Home / Uncategorized / Битола нема каде да го складира комуналниот смет

Битола нема каде да го складира комуналниот смет

Пресекувањето на патот Битола – Новаци нема да ги погоди само жителите на Новаци и вработените во РЕК “ Битола “.
Пресекувањето на овој регионален пат ќе се одрази и на неможноста на јавното претпријатие “Комуналец” од Битола да го носи сметот во депонијата Мегленци, која се наоѓа на патот за Мариово.
Токму затоа директорот на ЈП “ Комуналец “ Зоран Соклевски на деншната седница на Кризниот штаб побара локалната самоуправа од Битола да побара дозвола сметот од Битола во наредните денови да се одложува на депонијата во Прилеп, која се наоѓа на патот Битола – Прилеп.
Според Соклевски неколку тони смет дневно се собира од Битола и тој смет доколку не се носи во Прилеп, постои опасност истиот да го задуши градот.
Во Битола се надеваат дека Прилеп ќе покаже разбирање за решавање на овој проблем, кој произлезе по пресекувањето на патот Битола – Новаци.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*