Home / Македонија / Вицепремиерот Пешевски во Новаци и Могила

Вицепремиерот Пешевски во Новаци и Могила

Вицепремиерот во Владата на Никола Груевски, Владимир Пешевски попладневно пристигна во Новаци, каде што од блиску се запозна со состојбата со поплавените подрачја.

Вицепремиерот Пешевски во изјава за медиумите меѓу другото рече дека состојбата во Новаци е навистина алармантна , но благодарение на тоа што се пресече регионалниот пат Битола – Мариово, кој води до Новаци и Комбинатот РЕК “ Битола” се намали притисокот на водите во Пелагонија кои се закануваа дека ќе ги поплават куќите во селото.

-Со пресекувањето на патот се овозможи водата да се пренасочи во нивите на Пелагонија и сега засега е отстранета опасноста од поплавување на куќите во Новаци. Овој пат кој е прекинат, кога ќе се подобрат временските услови ќе се санира и повторно ќе се воспостави комуникација за Новаци, рече вицепремиерот Владимир Пешевски, кој вечерва ќе ја посети и Оштината Могила и ќе има средба со Кризниот штаб, на која ќе биде информиран за состојбата со поплавените села во оваа општина.

Инаку, од надојдените води во Новаци поплавен е и Манастирот “Св Богородица“, каде се поплавени и фреските.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*