На барање на градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски денеска се одржа итна седница на советот на која се расправаше за актуелните состојби со поплавите во општина Новаци.
-На денешната седница се донесе одлука за покривање на трошоците настанати од активностите за превенција и санирање на поплавите на територијата на општина Новаци, ангажирањето на механизација, набавка и транспорт на градежни материјали – тампон, набавка на гориво, сместување на загрозените,сместување на лицата кои помагаат од други градови, ангажирање на пумпи за одводнување, набавка на прехрамбени производи, пијалоци и средства за хигиена и други потребни материјали. Исто така беше речено дека советниците ќе донираат едномесечен надоместок а јас ќе донирам 20 000 денари за санирање и помош за поплавите- рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Котевски очекува дека дел од горенаведените трошоци ќе се покриваат од донации, помош од Владата како и буџетот на општина Новаци.
Б.В.