На 21 февруари во Центарот за култура во Битола за првпат ќе се одржи фестивалот „Битолски земјотрес“ во организација на „Направи Заедно“, „69 Records“ и „Пи-ем-џи рекордингс“, и организаторите од Битола, Центар за Култура Битола и Акто Music.
На овогодинешното издание на фесивалот ќе настапат следните бендови, електронски артисти и диџеи: „Д Џон“, „Паркети“, „Пи-ем-џи колектив“, „Памперс“, „Новиот Почеток“, „Гавернмент“, „Спенк“, „Кантон 6“, „Демек“, Сашо Ресид, Мирко Попов, Галатеа, Дејан Декс , Миле Гроздановски.
Почетокот на концертите е во 20 часот.