Don't Miss
Home / Градска хроника / Санација на најкритичната точка од каде се изливаше реката Црна

Санација на најкритичната точка од каде се изливаше реката Црна

Покрај реката Црна во делот на селото Лознани, викендов, беше започната санација, на најкритичната точка, од каде се изливаше реката Црна.

Санацијата продолжи и во наредните денови, до кога би дозволиле временските услови.

-На состанокот што со градоначалниците од пелагонискиот регион го одржавме пред неколку дена, искординирано настапивме со заеднички план, за санација на најкритичните места, и чистење на реката Црна. Воедно сакам да се заблагодарам на министерот Миле Јанакиевски и на господинот Сабан Селиу, кои што експресно излегоа со своите одлуки, на нашите барања, изјави градоначалникот д-р Владимир Талески.

nasip 3

Исто така раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување Димче Јошевски, апелираше до сите оние кои имаа штети од поплавите, од подрачјето на општина Битола дека роковите за поднесување на барањата истекуваат.

nasip 4

Барањата се поднесуваат во општина Битола до 27 ми февруари, и потребно е да бидат приложени: имотен лист или договор за закуп на земјиште, лична карта и трансакциона сметка.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*