Јавната здравствена установа Завод за здравствена заштита – Битола почна да врши дезинфекција и дератизација во пелагониските села кои беа зафатени со неодамнешните поплави.
Завод за здравствена заштита информира дека дезинфекцијата ќе се изврши во 121 објект во општина Могила и 12 објекти во општина Новаци.
– Дезинфекцијата се врши во подрумските простории и други објекти кои беа поплавени од надојдените води во општините Могила и Новаци. Приоритетната листа ја изработија општинските кризни штабови и претежно се индивидуални домаќинства, но и неколку фарми. Со оваа акција ќе се спречат заразни заболувања, додека со дератизацијата ќе се спречи евентуалната појава на туларемија, истакна Тони Коњановски, епидемиолог во ЈЗУ Завод за здравствена заштита-Битола.
Акцијата беше препорачана од Државниот здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство, потвруваат од ЈЗУ Завод за здравствена заштита – Битола, кои по завршувањето на акцијата во општините Могила и Новаци своите екипи ќе ги насочат во неколку битолски села, кои беа зафатени од неодамнешните поплави во тој регион.