Don't Miss
Home / Uncategorized / Во село Смилево одбележан Денот на Смилевскиот конгрес

Во село Смилево одбележан Денот на Смилевскиот конгрес

Со низа свечености во село Смилево, Демир Хисар се одбележа денот на одржување на Смилевскиот конгрес, кој се одржа од 2 до 7 мај 1903 година.

Свеченостите започнаа со положување на цвеќе на спомен обележјета на Пазариште во Смилево, од страна на градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски, претставници на полицијата од Битола и Демир Хисар, членови на Здружението за село Смилево, претставници на Здружението Тодор Александров од Битола и други.

smilevo 1  smilevo 2

По положувањето на цвеќето во спомен куќата во Смилево се одржа историски час од страна историчарот Владо Кузмановски.

smilevo 3 smilevo 7
По исторскиот час присутните го посетија и споменикот на Даме Груев над селото Смилево и положија свежо цвеќе и се потсетија на делото на овој значаен македонски деец.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*