Don't Miss
Home / Македонија / Констатирани оставките на Јанкулоска и Јанакиески

Констатирани оставките на Јанкулоска и Јанакиески

Собранието денеска на 50. седница ги констатираше оставките на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а премиерот Никола Груевски го образложи предлогот на нивно место да бидат избрани Митко Чавков и Владо Мисајловски.

 

Груевски истакна дека Јанкулоска, Јанакиески и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кој исто така поднесе оставка, досега биле пример за раководење на тешки позиции и работливост.

– Како што наведоа во поднесените оставки и во меѓусебните разговори, тие сакаат да придонесат кон нормализација на политичката ситуација во Македонија по обвиненијата кои СДСМ ги фрли врз нив, без никаква основа. Во сиве овие години, тие покажаа храброст, пожртвуваност и лојалност кон државата и кон нејзините граѓани и ги бранеа интересите на Македонија – кажа Груевски.

Тој во своето обраќање посочи дека Чавков и Мисајловски се искусни и способни луѓе кои ќе можат да ги предводат МВР и Министерството за транспорт и врски.

На седницата присуствуваат 79 пратеници, и тоа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, ДПА и трите независни пратенички.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*