Неодамна, поточно од 24 до 28 март во Софија, Република Бугарија, се одржа петтиот Интернационален детски музички фестивал “Абанико“.
Во конкуренција на околу двесте натпреварувачи од Бугарија, Молдавија, Србија, Словенија, Романија и Македонија, младите музички таленти од Битола постигнаа извонреден успех.
Имено, талентираните пејачки надежи, Илона Шундовска и Александра Дрогришка, ги освоија првите места додека Мартин Стефановски се пласира на трето место.
Директорот на Интернационалниот музички фестивал “Тра-ла-ла“ и член на Меѓународното жири на фестивалот “Абанико“ во Софија, Тони Алексовски задоволен од извонредниот успех по враќањето од Софија ни изјави:
-Ова беше 34. учество на претставници на “Тра-ла-ла“ на музички фестивали надвор од границите на Македонија. Со освојувањтео на две први и едно трето место ние само уште еднаш го потврдивме квалитетот на нашите претставници, кои оставија извонреден впечаток.
Инаку, според зборовите на Алексовски, на 16 април во малата сала при Центарот за култура во Битола, ќе се одржи аудиција за избор на солисти кои ќе земат учество на Фестивалот “Тра-ла-ла 2016“.
Б.В.