Don't Miss
Home / Култура / Актери од повеќе земји ќе земат учество на Фестивалот на монодрамата

Актери од повеќе земји ќе земат учество на Фестивалот на монодрамата

На  четврти мај започнува Фестивалот на монодрамата во Битола.

Фестивалот ќе трае седум  дена, а вљубениците во театарот ќе имаат можност да погледнат 13. монодрами кои ќе се борат за престижната награда „Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени вон конкуренција.

На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија.

Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски.

Фестивалот е во организација на Центарот  за култура Битола а со поддршка на Министерството за култура.

Фестивалот ќе го отвори претставата „Животот е прекрасен” на Македонскиот Народен театар  а е во режија на Александар Морфов.

Фестивалот на монодрамата   ќе го затвори „Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*