Don't Miss
Home / Uncategorized / Битолски весник прославува 53 години

Битолски весник прославува 53 години

Денеска локалниот неделник, Битолски весник го слави својот редок јубилеј, 53 години  од излегувањето на првиот број.

Пред точно 53 години,  на 29 април  1964 година, во предвечерјето на прославата на  празникот на трудот, 1 Мај, излезе првиот број на Битолски весник.

Весникот беше формиран по иницијатива на Општинската организација на Социјалистичкиот сојуз, а прв главен уредник на Весникот беше  новинарот  Владо Ласковски.

Оттогаш овој неделник,  за кој многумина во Битола  велат дека  е Светилник на битолското  новинарство и колективна меморија на градот,   непрекинато  излегува цели 53 години.

Битолски весник е без сомнение не само најстариот локален печатен медиум во Република Македонија, туку е и единствениот локален печатен медиум во државата, кој ги преживеа сите премрежја на транзицијата  и успешно опстојува на македонскиот медиумски простор.

За цел овој период од 53 години, Битолски весник немал никаков прекин во печатењето и непрекинато излегува секоја среда.

Тој цели 53 години е сведок и хроничар на сите случувања во Битола.

Затоа за него многумина  велат дека е  битолски Пиреј.

Јубилејот на Битолски весник, кој беше одбележан во скромна атмосфера, му го честитаа бројни читатели, новинари, установи и поединци.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*