Don't Miss
Home / Uncategorized / Куќен притвор за градоначалникот Талески

Куќен притвор за градоначалникот Талески

Кривичниот суд на Основниот суд Скопје 1 ја прифати жалбата на СЈО за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  против решението на судијата на претходна постапка и на  градоначалниот на Битола, Владимир Талески му одреди куќен притвор во траење од 30 дена.

Кривичниот совет  не го прифати барањето на СЈО на  Талески да му одреди притвор во истражниот затвор.

Решението на судијата на претходна постапка од 13.06.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор  се преиначува и се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 , 2 и 3 од ЗКП.

Со решението на Кривичниот совет  се забранува осомничениот Талески во аферата “ Транспортер “  да го напушти своето живеалиште без дозвола од судот, а доколку осомничениот не се придржува на забраната, против него ќе се определи мерка притвор, соопшти  доцна попладнево Основниот  суд Скопје 1.

Надзорот над куќниот притвор,  стои во соопштението  се наложува да го извршува СВР Битола при што овластени службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на осомничениот во неговиот дом.

За секое непочитување на решението од страна на осомничениот се задолжува надлежна полициска станица веднаш да го извести Основниот  суд Скопје 1  Скопје, се потенцира во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Во решението се прецизира дека против ова решение е дозволена жалба во рок од 24 часа преку Основен суд Скопје 1 до Апелационен суд Скопје.

Инаку,  да потсетиме судијата во претходна постапка  по сослушувањето на Талески на  13 овој месец не го прифати барањето на СЈО за притвор во траење од 30 дена и на Талески му ја  одзеде само патната исправа.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*