Нагласувајки дека сега кога на градоначалникот на Битола ВладимирТалески од страна на Онсовниот суд 1 Скопје, му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена и кога со истражната постапка наводно се потврдиле констатациите на СДСМ во проектот “ Вистината за Македонија“ најважно е градоначалникот на Битола да поднесе оставка на својата функција за да може да функционира градот.
Ова го истакна портпаролот на СДСМ, Борче Корлевски на денешната прес-конференција која ја одржа пред општинската зграда.
-Правдата во Македонија полека но сигурно излегува на виделина. Доаѓа времете кога сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат. Тоа важи и за Владимир Талески, човекот кој ВМРО-ДПМНЕ го претстави како најчесен и највреден и кого 3 пати го кандидираше за градоначалник.Уште еднаш се потврди дека она што го покажа “Вистината за Македонија“ навистина е така.Се покажа дека објавениот разговор каде што Зоран Ставрески кажува за Талески не е ниту сечен, ниту лепен ниту монтиран. Останува истрагата да ги даде сите одговори, меѓу кои и каде завршија 360.000 евра за кои се сомничи Талески? Најважното сега за граѓаните е како ќе функционира Општина Битола со градоначалник кој е во домашен притвор? ВМРО-ДПМНЕ наместо да се огради, уште еднаш се стави во одбрана на луѓе осомничени за криминал, на кои личниот интерес и профит им е во прв план и со тоа само докажа дека криминалното работење е нивна главна одлика, истакна на пресот Борче Корлевски.
За доброто на Битола и битолчани, го повикуваме Владимир Талески во најкус можен рок да си поднесе оставка.
На тој начин ќе се овозможи нормално функционирање на Општината во интерес на сите граѓани-подвлече Корлевски, портпарол на СДСМ Битола.
Б.В.