Жена, совозач во автомобил утринава загина во сообраќајна несреќа што се случила во Битола.
Автомобил „фолксваген пасат“, управуван од четириесет и деветгодишен жител на преспанското село Крани, удрил во дрво.
Од јачината на ударот на лице место загинала, четириесет и четиригодишната сопруга на возачот, додека тој со тешки повреди бил пренесен во болница.
Јавен обвинител заедно со екипи од МВР изврши увид на лице место и издаде наредби за земање на крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на телото на починатата.