Don't Miss
Home / Политика / Зоран Илиоски претседател на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Илиоски претседател на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот пратеник во македонскиот парламент и член на Извршниот комитет на партијата, Зоран Илиоски е избран за претседател на Општинскиот изборен штаб, пред претстојните предвремени парламентарни избори.

Со изборот на Илиоски за прв човек на Изборниот штаб, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола, практично ги почна подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори.

Според Статутот на партијата за време на изборите, Изборниот штаб, практично ќе ја има улогата на Општинскиот комитет на партијата.

Зоран Илиоски  до изборот за пратеник во Парламентот беше претседател на Општинскиот комитет на партијата, но поради неспоивост на функциите, тој веднаш по изборот за пратеник си поднесе оставка на функцијата координатор.

Тој е човек со богато искуство не само како политичар, кој во моментот извршува неколку значајни функции не само во партијата, туку и во Парламентот, туку е и човек, кој има и менаџерски и организаторски способности, со оглед на тоа што во изминатите години речиси три мандати беше прв човек на ЈП”Водовод“.

Инаку, веднаш по изборот, Зоран Илиоски почнал со организацијата на штабот за претстојните парламентарни избори, кои се закажани за 11. декември.

Според информации на “Битолски весник“, веднаш по изборот, Зоран Илиоски  го повлече првиот потег со тоа што за прв човек во Центарот за комуникации го назначи новинарот и актуелен советник во Советот на Општината Битола, Благој Шаклевски, кој додека Илиоски ја извршуваше функцијата координатор раководеше со прес-центаротна ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*