Don't Miss
Home / Uncategorized / Писателот Владимир Костов почесен член на МАНУ

Писателот Владимир Костов почесен член на МАНУ

Денеска во Универзитетската библиотека “ Св. Климент Охридски“ во Битола на свечен начин му беше врачена дипломата за почесен член на МАНУ, на познатиот битолски писател, романисер и новелист,  Владимир Костов.

Признанието на Костов му го врачи претседателот на МАНУ академикот Таки Фити, а за творештвото  на Костов на свеченоста  зборуваше академикот  Ѓорги Старделов, како и претседателот на Друштвото за наука и уметност  Битола д-р. Марјан Танушевски.

Инаку д-р.  Владимир Костов, кој минатата година стана член на Македонската академија на науките и уметностите е единствен академик кој живее и твори  надвор од Скопје.

Владимир Костов, романсиер, раскажувач, новелист и автор на драмски текстови е роден 1932 год. во Битола.

Објавил вкупно 17 романи, 11  збирки новели и новелети, 10 книги за деца и млади и збирка на драми “Декалог”.

Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во странство, во Антологијата на македонскиот роман, во едицијата “Најчитани македонски романи” и во едицијата “Македонска книжевност во 130 тома”.

Со романот “Нов ум” ,”Свадбата на Мара” и со „Црквичето четириесет маченици” бил застапен во училишната лектира. “Свадбата на Мара” е преведен на англиски, и се преведува и на украински.

Добитник е на бројни книженвни и други општествени признанија.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*