ФК Могила по трет пат го освои Купот на ОФС Битола! Со 5 (пет) голови на Стефан Главевски и еден на Александар Јовановски, ФК Могила беше подобра од ФК Златни деца од Црно Буки.
Тренерот на ФК Могила, Никола Мрмачоски за овој успех вели:
– Ова беше “јагода на шлагот” среќен сум! Разликата помеѓу двете екипи беше очигледна, среќен сум што по трет пат во Могила ке гостува прволигаш. Во многу кус париод успеавме да составиме конкурента екипа и мислам дека заслужено сме онаму каде што сме. Нема да застанеме тука. Ова ќе биде мотив плус за нас, време е Могила да оди ранг погоре. На крај честитки за организаторот, а тоа е општинскиот фудбалски сојуз на Битола, вели Мрмачоски.