Home / Uncategorized / Пехарот за Стрела Могила

Пехарот за Стрела Могила

По речиси 25 години, спортската редакција на Битолски весник заедно со екипта на Стрела од Могила го обновија меморијалниот фудбалски турнир на Битолски весник “ Спиро Мачески”.

Турниорот на кој настапија вкупно 4 екипи: Чагор Лопатица, Црна Река од Чарлија, Партизан – Добрушево и домакинот Стрела од Могила. се одржа на извонредниот терен и стадион во Могила,

Обновувањето на мемеријалниот фудбалски турнир  на Битолски весник “ Спиро Мачески “предизвика голем интерес не само кај публиката, туку и кај сите екипи од Општинската фудбалска лига, па така уште по завршувањето на турнирот за идниот фудбалски турнир кој ќе се одржи идната година веќе се пријавија 12 екипи.

Со тоа се потврди дека интересот за турнирот на Битолски весник “ Соиро Мачески “ и по пауза од 25 години е огромен.

Двата дена во изминатот викенд на стадионот во Могила се играа мошне интересни и возбудливи натпревари. Екипите играа како да се работи за значајни првенствени бодови.

Покрај екипата на Стрела од Могила, која го освои пехарот со победите над Партизан од Добрушево (2:0) и Чагор Лопатица во финалето исто така со 2:0, за најдобар играч на турнирот беше прогласен Николче Божиновски од  екипата на Црна Река од Чарлија,признанието  за најдобар стрелец го понесе  Тони Трајчевски од Чагор Лопатица,  за најдобар голман беше прогласен Николче Атанасов од Стреа Могила,  а за најфер  екипа беше прогласена екипата на  Црна Река од Чарлија.

Сите тие по завршувањето на турнирот од Редакцијата на Битолски весник добија пехари, кои им ги врачи директорот, главен и одговорен уредник на Битолски весник Менде Младеновски.

Фудбалскиот турнир на Битолски весник “Спиро Мачески” се одржа во чест на покојниот спортски уредник  на Битолски весник Спиро Мачески, кој беше доајен не само на битолското и македонското,  туку и југословенското спортско новинарство.

Турнирот го основа токму Спиро Мачески во 1980 година и тој редовно се одржуваше  и по неговата смрт, се до 1993 година, кога беше укинат со непромислена одлука на претходното раководство на Битолски весник кое извесно време раководеше со Весникот.

Спиро Мачески целиот свој живот го посвети на спортското новинарство и тој беше без соменние вистински бард во југословенското новинарство.

Негова животна  желба  додека беше жив беше да се организира овој турнир во рамките на Битолски весник, а подоцна остави аманет, по неговата смрт турнирот да се одржува како меморијален турнир “ “Спиро Мачески”.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*