Don't Miss
Home / Uncategorized / Адаптација на Офицерскиот дом

Адаптација на Офицерскиот дом

Во врска со состојбата во која се наоѓа Офицерскиот дом прес конференција одржа носителот на листата на СДСМ и Коалицијата “ За подобра Македонија “ Валентин Груевски.

-Офицерскиот дом е вистински симбол на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во овие 12 години во Битола. Успеаа да уништат едно огромно културно наследство притоа да немаат никаква грижа на совест. Во меѓувреме се обидоа да почнат да градат згради на ова место и се обидоа да го продадат офицерскиот дом. Ние ветуваме дека продажби и градење на згради во овој дел нема да има. Она што ќе го направиме во наредните 4 години е обнова, адаптација и пренамена на офицерскиот дом во дом на културата во кој ќе се одржуваат свечености, приеми,концерти, проекции, изложби и други активности од областа на културата и јавниот живот, изјави Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*