На четврти мај започнува Фестивалот на монодрамата во Битола.
Фестивалот ќе трае седум дена, а вљубениците во театарот ќе имаат можност да погледнат 13. монодрами кои ќе се борат за престижната награда „Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени вон конкуренција.
На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија.
Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски.
Фестивалот е во организација на Центарот за култура Битола а со поддршка на Министерството за култура.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Животот е прекрасен” на Македонскиот Народен театар а е во режија на Александар Морфов.
Фестивалот на монодрамата ќе го затвори „Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.