Don't Miss
Home / Uncategorized / Александар Кирацовски: Битолчани избраа живот

Александар Кирацовски: Битолчани избраа живот

По завршувањето на неделните предвремени парламентарни избори со прес конференција се јави потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Александар Кирацовски.

Во својата изјава за медиумите Кирацовски изјави:

-Уште еднаш ви ја честитам историската победа која ја направивме во Битола. Заедно со пенкало и глас мнозинството граѓани  избраа промени, избраа живот. Заедно ја изразивме љубовта кон сопствената држава и покажавме решеност дека ни е важна нашата иднина. Како град, општина, која што значајно влијае врз изборниот резултат во ИЕ 5, Битола скоро со 27 илјади гласови го даде најзначајниот придонес во победата. И покрај обидите за поткуп со 100 до 200 евра за глас, и покрај уцените и заканите во администрацијата , битолчани кажаа не на режимот и кажаа да за животот, рече Кирацовски и  доддаде:

-Вие почитувани граѓани ја препознавте нашата искрена заложба за промени кон подобро и враќање на животот во нашата држава и масовно ни се приклучивте. За разлика од претходните избори, овој пат не поддржавте со 8 илјади гласови повеќе во Битола и скоро 26 илјади гласови во цела ИЕ 5. Оваа подршка нам ни создава и право и обврска одважно и успешно да ја завршиме нашата мисија. Огромен напредок е направен и во останатите општини од ИЕ 5.

Честитки и до останатите граѓани кои што гласаа за другите партии кои заедно со нас се бореа за пад на режимот . СДСМ во наредниот период ќе работи да ја добие и вашата поддршка.

Сакам да им порачам и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што искрено си ја сакаат својата држава, сега ви е шанса да ги извршите неопходните промени во вашата партија и да расчистите со криминалците во вашите редови. Реформирани и требате и на вашата партија и на Република Македонија, изјави Александар Кирацовски.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*