Александар Пинзовски на возраст од 23 години го фати осветениот крст, кој во присуство на голем број верници, свешетнослужители, градоначалникот на Битола д-р ВладимирТалески и пратениците Лилјана Кузмановска, Зоран Илиоски, Васко Наумовски во базенот на црквата Св. Димитрија го фрли митрополитот Преспанско пелагониски и администратор австрлиско-новозеландски г. г. Петар.
Битолчанецот Александар Пинзовски прв пат скокаше по осветениот крст и прв пат го фати.
Изјави дека чувството кога верник ќе го фати богојавленскиот крст не може да се опише со зборови. Посака многу здравје, среќа и духовен мир кај сите сограѓани.
-На сите верници, и битолчани им посакувам годината да им биде исполнета со многу здравје, љубов и лична и семејна среќа. Убеден сум дека има некоја божја сила и благослов кој се чувствува на овој голем христијански празник “Богојавление” или Водици- истакна среќникот Пинзовски.
Б.В.
Фотографии: С. Ристевски