Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, објасни дека минатото раководство на ЕЛЕМ имаше распишано тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола и дека на тој тендер имало негативно поддавање. Вели дека во моментов се анализираат сите понуди од тендерот, вклучувајќи ја и понудата на „Трансмет“. Доколку нивната понуда е во колизија со законите, рече тој, таа ќе биде одбиена.
– Доколу нема такво нешто, јас би се фокусирал на две други прашања. Првото е зошто судот ја отфрли блокадата на сметката на таа компанија, кога веќе било утврдено дека нејзиното работење не било во согласност со законот, и второ, зошто претходното раководство на ЕЛЕМ, кога веќе беше разотркиен таквото работење на таа компанија, распиша тендер во кој не објави негативна референца, согласно Законот за јавни набавки, за оваа компанија. Мислам дека одговорите треба да се бараат во тие две насоки – истакна Анѓушев.
Тој нагласи дека „најбитното прашање кое што треба да се одговори е, зошто истата компанија до вчера наплаќала од 90, а во одделни ситуации и до 144 денари по ископ на 1 гигаџул, а денеска истата компанија е подготвена да ја врши истата услуга за 44 денари.
-Моето прашање е каде завршила разликата од тие пари, и зошто тие цени не се постигнувани и претходно – рече вицепремиерот.
Во рудникот Бучим каде им го честиташе празникот на рударите, Анѓушев порача и дека се лага тврдењата оти следува поскапување на струјата.