Home / Uncategorized / Барања за амнестија до вторник

Барања за амнестија до вторник

Од денеска па се до вторник, до околу 14 часот, тече рокот во кој обвинетите или веќе осудените за настаните поврзани со „27 април“ ќе можат да поднесат барање за амнестија до Кривичниот суд.

Претседателот Ѓорге Иванов вчера го потпиша Законот за амнестија, а денеска беше објавен во Службен весник, по што и официјално стапи на сила.

„Барањето се поднесува во рок од пет  дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, до првостепениот суд пред кој се води постапката, кој го носи решението во рок од пет дена по приемот на барањето, доколку се исполнети условите од овој закон, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител“, се пропишува во Законот за амнестија.

Сепак сѐ уште не е познато дали по барањата ќе одлучува Кривичниот совет или судечкиот судија, во случајот судијката Добрила Кацарска.

Она што е познато дека обвинетите ќе имаат право на жалба пред Апелациониот суд.

Покрај критиките од стручната јавност, незадоволство од законското решение искажаа и обвинителката Вилма Рускоска, но и судијката Добрила Кацарска, кој вели дека законот е преуранет и дека се работи за закон со многу нејасности бидејќи ниту еден факт не е докажан додека не се докаже во судска постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*