Home / Вести / Битола доби 17 хуманитарни паркинг простори

Битола доби 17 хуманитарни паркинг простори

Битола доби 17 хуманитарни паркинг простори на улиците „Цар Самоил“ и „Борка Левата“.

Паричните средства што ќе се собираат од овие паркинг места, ќе бидат наменети за ранливата категорија на граѓани.

Овој хуман гест е по иницијатива на советниците од партијата Левица во Советот на Општина Битола а беше едногласно прифатен од сите советнички групи.

Готова е реализацијата на 17 хуманитарни паркинг простори на улиците „Цар Самоил“ и „Борка Левата“ во Битола. Овие хуманитарни паркинг места ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе паркираат на хуманитарен паркинг простор кој ќе биде обележан со црвена боја и посебна зона на дадената табла, паричните средства ќе се собираат во ставката-социјални бенефиции од буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат на ранливи категории на граѓани, финансиска помош за болнички трошоци, донации и други социјални потреби-велат од партијата Левица.

Од јавното претпријатие „Паркинзи“ информираат дека обезбедени се паркинг места во Битола кои ќе бидат јасно обележани како хуманитарни паркинг простори и ќе се користат за хуманитарни цели.

Наплаќањето на хуманитарните паркинг простори ќе се врши исклучиво со СМС-порака, а цената за еден час паркирање изнесува 20 денари.

-Паркинг места во хуманитарен паркинг простор ќе се користат под „Тумбе Кафе“, кај Градскиот парк во зона Ц4, во зона Б6 на улица „Цар Самуил“ и улица „Борка Левата“ каде се обезбедени 17 паркинг места, а хуманитарни паркинг места има и во зона А3. Корисниците на услуга треба да знаат дека за нерегулирано плаќање на хуманитарно паркинг место, казната ќе изнесува 1.000 денари, а левото предно тркало на возилото ќе биде блокирано со механичко средство блокатор-информираат од Јавното претпријатие „Паркинзи“ Битола.

Инаку, со одлука на Советот на Општина Битола, во затворените јавни паркиралишта, непрописно паркираните возила веќе се блокираат со механичко средство блокатор.

Васка М. Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*