Home / Uncategorized / Битолчанец извршил полов напад врз малолетни деца

Битолчанец извршил полов напад врз малолетни деца

Битолчанецот Д.Т. на возарст од 58 години е осомничен дека извршил полов напад врз две малолетни деца.

Според СВР Битола лицето Д.Т. (58) од Битола, во периодот од 20.01.2015 година до 19.02.2015 година во Битола во повеќе наврати вршел полов напад и други полови дејствија врз две деца од Битола, на возраст од 14 години.

По пријавувањето на настанот од страна на СВР Битола се преземени низа мерки и активности и извршено е препознавање на лицето. Од страна на судија во Осмновниот суд во Битола по претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Инаку, неофицијално дознаваме дека на лицето Д.Т. ова не му било прв пат сексуално да злоставува малолетници.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*