Битолчанка на возраст од 41 година вчера била жртва на семејно насилство.
Жената вчера била претепана од својот сопруг, а случајот во полиција го пријавиле од битолската болница каде била донесена жената.
Во разговор со полициски службеник, жената кажала дека во времето од 14 часот до 16 часот била малтретирана од нејзиниот сопруг при што и се заканувал дека ќе ја убие, и ја удирал со тупаници и клоци при што и нанел повреди во пределот на телото, градниот кош и главата.
Полицијата по целосно целосно расчистување и документирање на настанот ќе поднесе соодветна кривична пријава.
Б.В.