Со потпишување на Договор за соработка меѓу Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола и Универзитетот “Александру Јоан Куза” од Јаши, Република Романија, денес во Битола завршија свеченостите по повод 25-ти април, Денот на основањето на Битолскиот Универзитет.
Договорот за соработка го потпишаа ректорот на Универитетот проф. д-р Златко Жоглев и ректорот на Романскиот универзитет проф. д-р Василе Ишан, а придружувана од романскиот амабасадор во Република Македонија, Јустинијан Фокша кој престојуваше на УКЛО.
Чинот на потпишување на Договорот претставуваше можност за поблиско запознавање и за разгледување на можностите за интензивирање на меѓусебната соработка низ повеќе специфични академски форми и активности.
По повод пригодата, титула почесен доктор на науки е доделена на академик, проф. д-р Грозданка Гојков, од Република Србија.
Во рамки на свеченостите на Битолскиот универзитет беа промовирани и 11 нови доктори на науки.
Б.В.