Home / Култура / Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола организираше трибина по повод Светскиот ден на книгата

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола организираше трибина по повод Светскиот ден на книгата

По повод светскиот ден на книгата и авторското право Унијата на жени на владејачката ВМРО ДПМНЕ организираа трибина посветена на пишаниот збор, на книгата и нејзиното влијание во секојдневниот живот.

Истовремено присутните во преполнетиот Завод и музеј донираа книги кои ќе го збогатат фондот на книги во библиотеката на основното училиште “Св Климент Охридски“ Битола.

photo  photo(1)

-Секој повод треба да биде искористен да се проговори за книгата и нејзиното значење, таа е порта кон знаењето, кон подобар живот и обезбедување одржлив развој во светот. Книгата отсекогаш била прозорецот што го отвора светот, придонесува да осознаеш многу земји, култури и да се едуцираме на повеке јазици рече во своето обраќање пред многубројните присутни  д-р. Анита Ангелевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ Битола.

На трибината присуствуваше и познатиот драмски писател Братислав Димитров кој пред присутните истакна:

-Ако правиме симболика тоа е како тутунот од садење нива, па до готов производ на пакета цигари, затоа мислам дека и печатените медиуми треба да одвојат поголем простор за популаризација на добрата книга, ако се има во предвид нејзиното значење- рече  драмскиот писател Братислав Димитров на трибината организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, посветена на книгата и пишаниот збор.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*