Home / Економија / Проектот “Купи куќа, купи стан“ пробуди голем интерес кај битолчани

Проектот “Купи куќа, купи стан“ пробуди голем интерес кај битолчани

Министерството за финансии вчера во Битола ги презентираше условите и начинот за аплицирање за субвенционирани станбени кредити во рамките проектот „Купи куќа, купи стан”.

Според Ана Николова, претставник на Министерството за финансии, станува збор за проект кој им овозможува на сите лица што немаат доволно средства на најдобар и најефикасен начин да го решат проблемот со сопственото станбено прашање и обезбедат сопствен дом.

kuka 4

– За купување стан може да се користат два модели, односно со „пола рата” добиј субвенција до 9.200 евра и со „пола учество” заштеди до 9.250 евра. Со субвенцијата од моделот „пола рата” Министерството за финансии плаќа 50 отсто од месечната рата, неповратни средства во првите 5 години од отплатата на станбениот кредит, додека со моделот „пола учество”, Министерството плаќа 50 проценти од учеството за купување на стан, неповратни средства, објасни  Николова.

Министерството за финансии ја претстави и можноста за „надгради, догради куќа”, односно моделот „75 проценти рата” и „75 проценти учество” во кои исто така е предвидена ефикасна субвенција и поволности.

Карванот за „Купи куќа, купи стан” ќе продолжи и во другите градови и презентации ќе бидат одржани во Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*