На прес-конференцијата на битолската СДСМ, со реакција во јавноста се огласи и Социјалистичката партија која делува во Коалиција со владејачката ВМРО-ДПМНЕ на централно и локално ниво.
-Општинската организација на СПМ од Битола како составен дел од Коалицијата „За Подобра Македонија” го отфрла изнесеното од страна на дел од опозицијата и смета дека Р.Македонија е првана држава и сите обвинувања треба да се решаваат во рамки на институциите на системот. Граѓаните знаат да ја препознаат реалноста, аргументите и фактите и за истото отценуваат на избори. Во сите изминати избори им ја даваат поддршката на Коалицијата „За Подобра Македонија “предводена од ВМРО-ДПМНЕ”, изјави Александар Вангеловски од СПМ-Битола.
Б.В.