Don't Miss
Home / Uncategorized / Битолските студенти прогласија Автономна зона на Техничкиот факултет

Битолските студенти прогласија Автономна зона на Техничкиот факултет

Битолските студенти ја искажаа својата поддршка за колегите од Скопскиот универзитет  и денес прогласија Автономна зона на Техничкиот факултет во Битола.

Студентите ги повикаа сите заинтересирани да се приклучат во окупацијата на факултетите, која доаѓа како крајно решение на студентите кои се  револтирани од игнорантскиот однос на власта и недостигот на дебата и да донираат храна и вреќи за спиење.

tehnicki 2

-Ние бевме многу месеци игнорирани, сега сакаме да порачаме дека “Ние сме тука затоа што имаме силна волја, силен став да смениме нешто во ова општество, односно заедно да изработиме нов закон за високото образование“. Апелираме до сите да помогнат и да донираат храна и вреќи за спиење и слободно можат да ни се приклучат да ја поминеме ноќта тука“ – изјави Соња Анѓелевска, член на Студентскиот пленум.

Студентите ќе престојуваат во Техничкиот факултет се додека владата не ги прифати нивните барања и не се постигне соодветен договор. Пленумците најавија дека целосно ќе ја бојкотираат наставата и наместо неа ќе се организираат предавања, дискусии и најразлични настани.

– Нема да има опструирање на испити и бранење на дипломски и магистерски. Ќе имаме слободни активности, предавања, музички групи, изложби, поточно се што е во склоп со цел да се подигне свеста на младите, односно да се покаже дека во Македонија има разумна нација која знае што сака“ – рече Соња Анѓелевска од Студентскиот  пленум.

Претставници од Студенскиот пленум денес остварија средба и со деканот на Техничкиот факултет.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*