Братот на Ел Чека, човекот кој од Чикаго ги објавува таканаречените „бомби“ за ДУИ, се обрати до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку албанскиот портал „Лајмпрес“.
„Сакам јавно да му кажам на Спасовски за налогот за апсење издаден против мојот брат, треба истиот налог за апсење да го издаде и за неговиот лидер Зоран Заев. Мислам дека зборуваме за истото дело, како што ги објави Зоран Заев, истото го стори и мојот брат Ел Чека. Законот треба да биде ист за секоја личност, без разлика на која позиција е“, пишува Лајмпрес.
Ова момче деновиве е актуелно со „бомбите“ на албански јазик во кои таргет се членови на ДУИ. Ел Чека тврди дека „бомбите“ ги добил од членови на Кумановската група.