Потфрли протестот пред кривичниот суд на кој повикаа ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата, Никола Груевски. Eкспремиерот на официјалната страница на „Фејбук“ пред повеќе од 8 часа напиша: „Повик до сите граѓани што не се согласуваат со антидржавната политика на СДС да излезат на протест пред Основниот суд Скопје во 13.30 часот“. На страницата на ВМРО-ДПМНЕ беше објавено: „ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани што не се согласуваат со антидржавната политика на владејачката хунта да излезат на протест пред Основниот суд Скопје во 13.30 часот.“
Но, протестот, иако беше најавен на социјалните мрежи и на официјалната страница на партијата, не беше масовен. Денеска на протест пред судот излегоа едвај стотина поддржувачи, симпатизери и членови на партијата, меѓу кои пријатели и роднини на дел од приведените.