Home / Uncategorized / (Дали) Талески за “Бит Фест” потрошил 5 милиони евра?

(Дали) Талески за “Бит Фест” потрошил 5 милиони евра?

Колку пари потрошил градоначалникот на Битола, Владимир Талески за организацијата на битолското културно лето “ Бит Фест” и дали е точно дека тој во изминатите 10 години, за организацијата на овој фестивал потрошил ни помалку, ни повеќе, туку цели  5 милиони евра?

Овие прашања деновиве на прес конференција ги постави советникот на СДСМ, Горан Козаров, кој отворено побара од градоначалникот Владимир Талески  јавно да каже колку пари (по)троши(л) за организацијата не само за годинашното културно лето, кое по пауза од една година, повторно тој го возобнови,туку и за сите изминати досега одржани  фестивали, откако тој е градоначалник.

Доколку  Талески  не даде одговор на овие прашања, новата општинска власт, која ќе дојде на чело на општината  Битола по локалните избори ќе направи целосна ревизија за трошењето на парите на граѓаните на Битола за како што знае често пати да каже градоначалникот Талески, најдолгото, најбогатото  и најсодржајното   културо лето во Република Македонија, фестивалот “ Бит Фест”.

-Додека трае 11-то издание на Битфест, граЖаните се уште немаат информации колку точно пари чини организацијата и одржувањето на овој фестивал.Според неофицијални информации, фестивалот во претходните години чинел помеѓу 400 и 500.000 евра годишно. Доколку сумата од 500.000 евра е веродостојна, тогаш за сите во овие години одржување на “Битфест” се потрошени најмалку 5 милиони евра пари на граѓаните, а можеби и повеке. Ова е сериозна сума на пари со која можат да се реализираат повеке капитални прокети во општината како покриен базен, планинарскиот дом Копанки, гасификација на Битола и ред друго. Затоа, неодговорно е граѓаните да не знаат колку точно пари за која намена се потрошени во изминативе години за “Битфест”, вели  советникот Горан Козаров.

Поопширно во печатеното издание на Битолски весник

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*