Подрачјето на Демир Хисар е најпогодено од денешното невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер, чести грмежи и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците од радарските центри, позначителна нестабилна облачна маса се уште навлегува од југ, од подрачјето на Битола и Преспа при што е зафатено поголемо подрачје од југозападниот дел од земјава.
Б.В.