Don't Miss
Home / Економија / Денес е последниот ден за поднесување годишна даночна пријава

Денес е последниот ден за поднесување годишна даночна пријава

Оние граѓани кои не успеаа во изминатите денови да ја достават годишната даночна пријава, денеска, ја  имаат последна шанса да ја исполнат својата законска обрска, во спротивно ќе се соочат со казни.

Управата за јавни приходи во петокот  соопшти дека годишната даночна пријава ќе може да се поднесе и на 16-ти март 2015 година (понеделник), како прв работен ден, со оглед дека крајниот рок 15 март се падна во недела.

Според последните податоци, над 330.000 граѓани веќе ја исполниле обврската за поднесување годишна даночна пријава до УЈП, од кои над 1.500 ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси.

И покрај големиот број годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40 до 50 илјади пријави дневно), според соопштението, не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери, стои на сајтот на УЈП.

Годишна даночна пријава може да се поднесе во регионалните дирекции и даночните одделенија на УЈП, како и во Контакт центарот на УЈП.

Доколку граѓаните сакаат да ги избегнат метежите пред даночните шалтери, годишната даночна пријава може да поднесат и преку пошта во еден примерок на адресата на надлежната регионална дирекција на УЈП, на која според местото на живеење припаѓа подносителот, како и преку електронските даночни сервиси за што подносителот потребно да поседува дигитален сертификат на УСБ токен издаден од овластена куќа.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*