Don't Miss
Home / Uncategorized / ДИК го усвои Роковникот за изборите

ДИК го усвои Роковникот за изборите

Државната изборна комисија попладнево со девет гласа „за“ и ниту еден против, го усвои Роковникот за извршување изборни дејствија. Претседателот на ДИК информираше дека изборите ќе се одржат на 15 октомври, а за таа цел ќе се бараат дополнителни податоци од МВР и од Министерството за информатичко општество и администрација.

-Првите дејствија кои ДИК ќе ги превземе денеска е доставување барање до МВР за добивање податоци заради креирање на избирачкиот список и доставување барање до МИОА , за добивање податоци за вработените во државната и општинската администрација , администрацијата на град Скопје и јавната администрација , систематизирани по општини , според адресата на местото на живеење, рече претседателот Чичаковски .

Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид на 21 август и ќе може да се види до 9 септември. Рокот за собирање потписи ќе започне на 21 август и ќе трае до 4 септември, а листите на кандидатите ќе се доставуваат до 9 септември на полноќ. Изборната кампања ќе започне на 25 септември, а ќе заврши на 13 октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*