Don't Miss
Home / Политика / Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи

Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи

Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во изборната единица 5, Антонио Милошоски денеска во Битола оствари средба со занаетчии од Комората на занаетчии, кои како што рече, најголем дел од нив го користеле проектот „Македонија вработува“.

Милошоски истакна дека со проектот „Македонија вработува“ многу занаетчии реализирале нови вработувања со кои го зголемиле сопственото производство и пласман на производи.

– Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт проектот „Македонија вработува“ ќе продолжи да ги дава истите поволности. Исто така, во Битолско ќе се реализира проектот „Рурални развојни зони“ со кој секој странски или домашен инвеститор што ќе сака да инвестира во рурално подрачје ќе добие од 10 до 20 проценти државна помош за капиталната инвестиција, 10 години ќе биде 50 отсто ослободен од плаќање на придонесите и 10 години нема да плаќа персонален и данок на добивка.

Околината на битолскиот регион со ваквите поволности ќе стане една голема економска зона, изјави Милошоски на средбата со новинарите во Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*