Home / Култура / Дуото Герасимец зрачеше со автенитична возбуда

Дуото Герасимец зрачеше со автенитична возбуда

Атрактивното германско Дуо Герасимец делата од Моцарт,Бетовен,Шостакович и Пиацола ги донесе на возбудлив начин на музицирање со што ја динамизираа изведбата.

Музицираа  максимално опуштено, страстно и темпераментно со младешки жар и полет, а таа радост флуидно се пренесуваше и врз восхитениот концертен аудиторим така што нивниот рецитал наликуваше на блескава креативна сеанса.
Свиреа технички супериорно со нагласен виртуозитет,стилски чисто и веродостјно со сите доблести на издржана интерпретација. Тоа беше врвен артизам што создаде прекрасна духовна клима со восхитувачката виталност и нагласениот виртуозитет -чин кога атрактивното дуо зрачеше со автентична визија покажувајќи дека никој од двајцата браќа-виолончелистот Василиј или Николај-пијано е подобар од другиот, бидејќи се на исто рамниште со многу признанија на меѓународни конкурси ,па би можеле да речеме дека се и двајцата
најдобри.

Се чини како да дишат како еден, со максималното усогласени афинитети, па делуваат компактно во совршен склад во доменот на возвишената интерпретција каде интонативната прецизност на виолончелото е доведена до совршенство.

Темпераментно и енергично во импровизацискиот процес, со високи амбиции реализираа атрактивна програма, а некои сегменти се одгласија и урнебесно создавајќи и релаксативен амбиент обдарени со префинета чувствителност.
И така, со вкус на елеганција импресивно користејќи ја техниката на варирање Бохуслав Мартину создал интересно дело –Варијации на тема од Росини за виолончело и пијано што им задава тешкотии од технички аспект и на врвните уметници, а дуото Герасимец ја донесе во динамично возбудливо темпо со силни емотивни бранувања, потенцирајќи го сознанието дека преферира дела со нагласен виртуозитет.

Во таков изведувачки манир беше презентирана и Бетовеновата Соната –познатата Апасионата, која експанзивно израснуваше со незадржлива енергија ефектно потенцирајќи го динамизмот и драмската тензија, откривајки ја генијаноста на големиот Бетовен и во сферата на камерната музика.

И Сонатата на Шостакович се одгласи со силна експресија ,особено вториот став донесен во жестоко фуриозно темпо, а нај атрактивна беше спектакуларната изведба на Големото танго од Пијацола-нешто невидено,не чуено на нашите концертни подиуми со што ги освоија симпатиите на битолската публика.
Костадин Костадиновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*