Home / Економија / Еден од двата блока на РЕК „Битола“ приклучен на мрежата

Еден од двата блока на РЕК „Битола“ приклучен на мрежата

Еден од двата енергетски блока на РЕК„Битола“, по краткиот вчерашен застој, денес е приклучен на мрежа и работи согласно потребите од електрична енергија на тарифните потрошувачи во земјата, на другиот енергетски блок активностите за пуштање во производство се во завршна фаза и истиот се очекува за кратко време да биде синхронизиран на електроенергетскиот систем, додека третиот блок на РЕК„Битола“ е потполно технички исправен и подготвен да влези во производство до крајот на денешниот ден, секако ако електроенергетскиот систем има потреба од дополнителни количини на електрична енергија, информираат од АД ЕЛЕМ.
-Напомнуваме уште еднаш дека останатите производни капацитети на ЕЛЕМ во целост ја задоволуваат потребата од електрична енергија на тарифните потрошувачи во земјата и во текот на вчерашниот ден немаше потреба од дополнителен увоз на електрична енергија- стои во сопштението од АД ЕЛЕМ испратено до медиумите.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*