Don't Miss
Home / Македонија / Единаесетгодишно дете пронајдено мртво

Единаесетгодишно дете пронајдено мртво

Единаесетгодишно дете од Стајковци вчера  вечерта на последната станица на автобусот број 65, во скопската населба Сингелиќ, било пронајдено мртво.

Телото на детето го нашол неговиот татко по дводеневна потрага.

Детето не беше пријавено за исчезнато во полиција, таткото го пријавил случајот во понеделникот.

Детето заедно со неговиот дедо во саботата вечерта се враќале со трактор дома, кога кон нив налетал воден бран којшто го превртел тракторот.

Дедото успеал да се спаси, додека детето го однела водата кон Попово маало.

Од тогаш му се изгубила секаква трага, сѐ до понеделникот кога телото било најдено.

По наредба на јавен обвинител, телото на детето е предадено на семејството. Исчезнато е едно и полгодишно дете кое поплавата го затекла во автомобил на обиколницата кај Смилковското езеро.

Случајот го пријавил чичкото на бебето, а во автомобилот со детето бил неговиот татко, кога ги однел водениот бран. Таткото не успеал да се спаси, а на детето му се губи секаква трага.

Официјално, во невремето и поплавите во Скопје загинаа 22 лица, 78 се повредени и едно лице се води како исчезнато.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*