Home / Uncategorized / Црвен крст ќе дистрибуира помош од врата до врата

Црвен крст ќе дистрибуира помош од врата до врата

Црвениот крст од денеска ќе ги дистрибуира неопходните продукти со возила директно на улиците во поплавените села.

– Од денеска дистрибуцијата ќе се врши амбулантно со возила на Црвениот крст директно на улиците по селата. Најважно од се е да се исчисти целиот простор и луѓето да добијат вода и струја за да може побрзо да оди санацијата. Црвениот крст во наредните десет дена ќе остане со хуманитарната дистрибуција, а понатаму ќе се процени како ќе се одвиваат акциите – вели Сузана Тунева, секретар на Црвен крст на град Скопје.

Црвениот крст функционира преку поддршка на постоечките пунктови, преку директна дистрибуција на вода и храна со возила, каде што е најпотребно.

На терен се 60 луѓе од Црвениот крст во осум тимови, кои што се достапни 24 часа, а фокусот е најмногу на Инџиково, Сингелиќ и Стајковци, каде што има најмногу оштетени куќи.

Црешево, Смилковци, Арачиново и дел од Шуто Оризари, пак, се на второ ниво на поддршка од оваа организација, бидејќи таму штетите се значително помали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*