Home / Градска хроника / Есенско пошумување во околината на РЕК “Битола“

Есенско пошумување во околината на РЕК “Битола“

Денеска се вршеше есенско пошумување околу РЕК “Битола“, во рамките на акциониот план за добивање на А интегрирана еколошка дозвола. Со оваа активност треба да бидат засадени 50.000 багремови садници на површина од околу 15 хектари.  Секоја година 10-12 хектари се засадуваат, се пошумува веќе 10 години, но и откако постои рударско-енергетскиот комбинат.

-Дел од садниците се зафаќаат, дел не, но 50% од садниците досега се зафатени и имаме доста зелени појаси околу РЕК “Битола“- изјави генералниот директор на РЕК Битола, Јовко Крстевски.

ЕЛЕМ, во чии рамки е и РЕК “Битола“, донесе декларација за политика на животната средина чии темелни принципи се вградени и во енергетската политика на компанијата, која е во согласност со европската енергетска политика.

посумуванје 2

-Како директор за инвестиции и развој сакам да напоменам дека ние не само што вршиме рекултивирање на просторот, туку правиме големи инвестиции во зачувувањето на животната средина, особено од издувните штетни гасови кои излегуваат од РЕК Битола и зато аимаме инвестирано големи финансиски средства. Имаме мерења кои ги вршиме нон-стоп на 3 мерни места, го мериме штетниот воздух од РЕК на 3 км и задоволени се сите норми на овие загадувачки елементи и затоа мислиме дека загадувањето од штетни гасови од РЕК не се одразува на околното население и тоа го потврдуваме со нашите мерења” рече Тони Паспаловски, помошник директор за инвестиции и развој во РЕК Битола.

Инаку, во денешното пошумување активно учествуваа и учениците на средното и основното училиште „Јосип Броз Тито” и „ Коле Канински”, како и Општината Новаци предводена од градоначалникот Лазар Котевски.

-Денеска ќе бидат посадени 7000 садници багрем додека до крајот на оваа година се планира да бидат засадени 50 000 садници.Ние ја поддржуваме целосно оваа акција и секако ја поздравуваме особено затоа што нашата општина е директно најпогодена од загадувањето на РЕК.Ова треба да послужи за пример и секако да продолжи и понатаму во определена динамика- изјви Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Општина Новаци во својата програма на работа има предвидено засадување на заштитен зелен појас во кој ќе биде вклучено и локалното население.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*