Don't Miss
Home / Uncategorized / Фетаи до Трајковски, што бараше во Будимпешта

Фетаи до Трајковски, што бараше во Будимпешта

Обвинителката Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за насилството во Општина Центар, побара објаснување од обвинетиот Александар Трајковски, која е целта на неговото патување Будимпешта, каде беше фотографиран заедно со пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, при што тој потврди дека се сретнал со Груевски.

На тоа советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, пред судечкиот совет објасни дека во Унгарија бил поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.

-Отидов во Будимпешта да барам второ мислење за мојата болест. Унгарија како понапредна држава од Македонија и членка на ЕУ има и понапредно здравство. Побарав мислење од доктори и за тоа имам и документација што ќе ја доставам до судот. Во Будимпешта заминав самоиницијативно на своја воља – рече Трајковски.

На денешното рочиште тој носеше и медицинска документација и сметки од платениот преглед. Трајковски е вработен во Царинската управа на Република Македонија, а откако беше „фатен” во Унгарија, оттаму информираа дека тој земал боледување од 5 декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*